Линкови за пристапност

Планот на претседателот – пресуден за негов реизбор?


Планот на претседателот – пресуден за негов реизбор?

Планот на претседателот – пресуден за негов реизбор?

Исходот од планот што Обама ќе го изнесе во четврток може да има пресудно значење на изборите догодина

Претседателот Обама во четврток ќе излезе пред Конгресот и пред целата јавност во ударен вечерен термин да го објави планот за поттикнување на стагнантната економија на САД.

Со стагнантна економија и невработеност над деветтиот процент, претседателот Обама најави план за зголемување на вработувањето.

„Ќе изложам серија чекори што Конгресот може веднаш да ги преземе за да стави повеќе пари во буџетот на семејствата од средната класа, за да стане полесно малите бизниси да вработуваат, да се ангажираат повеќе градежници во обновата на железниците и аеродромите на државата и се` друго што ќе помогне за растеж на оваа економија“, изјави првиот човек на САД.

Последните истражувања на јавно мислење покажуваат големо паѓање на рејтингот на Обама – на околу 44 проценти, до сега меѓу најниските за него. Речиси две третини од испитаниците велат дека не се задоволни од начинот на кој тој се справува со економијата.

Други анкети се надоврзуваат, откривајќи реална опасност за Обама на претседателските избори 2012 за реизбор.

Во Вашингтон нема консензус за тоа колку треба да биде агресивен предлогот на Обама за креација на работни места.

Од Белата куќа има информации дека се размислува за програми за обука за оние подолго време без работа, како и за даночни очеснувања, нови трошоци за изградба на училишта, мостови, патишта и друга инфраструктура.

Прашањето е дали идеите ќе бидат прифатливи за опозиционите републиканци? Претседателот Обама е оптимист: „Тоа се надпартиски идеи што сите ќе ги обединат, без оглед на која партија припаѓаат“.

Но, многумина се скептични. Како Џо Волш, од Илиноис во Претставничкиот дом: „Очекувам повеќе стимулативни пакети, повеќе владини трошоци, нови позајмување, што до сега се покажа дека не функционира“.

Републиканците не се очекува да го поддржат претседателот во планот, сеедно што овој ќе донесе. Лари Сабато е од Центарот за политика на Универзитетот на Вирџинија. Тој смета дека претседателот треба да цели многу високо:

„Претседателот треба да настапи со нешто големо. Тоа ќе направи да изгледа дека би било фантастично ако републиканците се согласат, иако секому му е јасно дека ништо нема да мине – мало или големо“, коментира Сабато.

Во Вашингтон се верува дека овој говор може да биде најважниот за Обама во неговото претседателствување.

XS
SM
MD
LG