Линкови за пристапност

Обама: Дипломата не е доволна


Претседателот зборуваше пред генерација дипломци на колеџот Бернард, што е дел од Универзитетот Колумбија.

Американскиот претседател Барак Обама ги повика дипломците на женскиот колеџ Барнард во Њујорк, да продолжат со аспирациите за високи достигнувања без оглед на пречките на кои можат да наидат.

Колеџот е дел од Универзитетот Колумбија од каде во 1983-та година и самиот тој дипломирал. Тоа е и годината кога овој универзитет за прв пат почнал да прима апликации и од жени.

„Запомните дека оставањето белег на овој свет е тешко. Потребна е определба. Доаѓа со многу препреки и неуспеси. Секогаш кога ќе почувствувате цинизам, кога некој ќе ви каже дека не можете да направите некаква разлика, кога некој ќе каже да ги намалите вашите стандарди, траекторијата на оваа земја треба да ви даде надеж. Претходните генерации треба да ви дадат надеж. Она што младите генерации го постигнале претходно, треба да ви даде надеж“, порача претседателот Обама.

Тој додаде дека за разлика од порано, сега на жените отпаѓа половина од работната сила во САД, и повеќе од половина од дипломирани граѓани изминативе години, вклучувајќи ги и оние со завршени постпиломски студии. Тој им кажа на дипломците дека не смеат да запрат на постигнатото, туку дека треба да се стремат кон живот на активизам и промена.

XS
SM
MD
LG