Линкови за пристапност

Обама го потпиша законот за долгот


Обама го потпиша законот за долгот

Обама го потпиша законот за долгот

САД избегнаа прекршување на кредитните обврски

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот – компромис што налага владата да ги намали трошоците, но истовремено ја зголемува крајната сума на пари што таа може да ги позајми за да ги подмири долговите. Со тоа САД избегнаа ситуација во која ќе немаа доволно средства навреме да ги подмират финансиските обврски.

Обама ја потпиша мерката кусо време откако таа беше изгласана во Сенатот, само на 10 часа од истекот на крајниот рок.

Во изјавата од Белата куќа откако Сенатот гласаше, Обама ги критикуваше законодавците и кажа дека кризата околу долгот е нова, дополнителна пречка за економскиот опоравок. Обама рече дека не требало да дојде до ризик од катастрофа за пратениците конечно да најдат заеднички јазик.

Според американскиот претседател, постигнатиот компромис е само прв чекор кон целта земјата да започне да живее во рамки на финансиските можности, но предупреди дека натамошното намалување на долгот не ќе биде можно без елиминирање на даночните олеснувања за големите корпорации и најбогатите Американци. Акцентот мора да остане на создавање на нови работни места, бидејќи многумина Американци се` уште се без работа, рече Обама.

И покрај тоа што мерката мина и во Пратеничкиот дом, и во Сенатот, многумина водечки пратеници ја критикуваа како непотполна и неадекватна. Таа овозможува владата да позајмува пари за долговите се` до 2012-та, но истовремено налага да ги намали трошоците за речиси 1 трилион долари во наредните 10 години.

Мерката истовремено предвидува создавање на двопартиска конгресна комисија за владиниот буџет што ќе треба да предложи како да се намали дефицитот за дополнителни 1,5 трилиони долари.

XS
SM
MD
LG