Линкови за пристапност

Обама: Градовите одат кон безгранична економска зона


Обама: Градовите одат кон безгранична економска зона
Обама: Градовите одат кон безгранична економска зона

Американскиот претседател зборуваше на затворањето на самитот на групата за азиско-пацифичка соработка на Хаваите.

Во американското соопштение на завршетокот на самитот на земјите-членки на АПЕК се наведува дека лидерите се согласиле на сеопфатни пакет-мерки со цел поддршка на развојот, креирање на работни места, проширување на трговијата и инвестирање во регионот од каде произлегува преку половина од економската активност и 44 проценти од светската трговија.

АПЕК се обврза да ја интензивира политиката на иновации поттикната од условите на пазарот, да ги намали тарифите и другите бариери за размена на еколошки добра и услуги и преземање на чекори што би им помогнале на бизнисите во спроведување на регулативните реформи.

Претседателот Обама зборуваше за поврзаноста меѓу економското опоравување во САД и Пацификот, велејќи дека регионот е клучен за американската иднина.

„Деведесет и пет отсто од потрошувачите ширум светот се надвор од нашите граници. Би сакал да купуваат производи со печат составен од три збора: „произведено во Америка“. Правам се` што е во моја моќ за да обезбедам САД агресивно да се натпреваруваат за работни места и пазари на иднината“, истакна американскиот претседател.

Тој подвлече дека главната цел на АПЕК е да креира „хомогена регионална економија“, при што САД би биле важен играч во регионот.

Обама повторно ја повика Кина да ја промени политиката за која кажа дека ги уназадува САД и останатите трговски партнери, да дозволи натамошно почитување на сопствената валута и да се придвижи кон внатрешна економија ориентирана кон реалната побарувачка.

Тој одговори и на прашања за неодамнешниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија што обезбедува докази за напорите на Иран за развивање на нуклеарно оружје.

САД, Кина и Русија, рече тој, се обединети во оваа главна цел.

„Сите сме согласни дека Иран не треба да дојде до нуклеарно оружје и да не се поттикнува нуклеарна трка во регионот. Тоа е во интерес на сите страни“, изјави Обама.

Тој додаде дека наредниве недели овие земји меѓусебно ќе се консултираат за други „опции на располагање“, како дополнение на постоечките санкции спрема Иран. Обама подвлече дека САД не отфрлаат ниту една опција, но ќе земе предвид се` што е можно за преку преговори да се дојде до решение за проблемот.

XS
SM
MD
LG