Линкови за пристапност

Обама ќе побара 300 милијарди долари за креирање работни места


Обама ќе побара 300 милијарди долари за креирање работни места

Обама ќе побара 300 милијарди долари за креирање работни места

Белата куќа вели дека планот на претседателот дава добра основа за обнова на националната економија

Американските медиуми јавија дека претседателот Барак Обама планира да побара конгресно одобрување за планот тежок 300 милијарди долари за забрзување на забавената економија преку даночни кратења, помош за невработените и проекти во областа на градежништвото.

Претседателот ќе го изложи планот во четврток во говор пред двата дома на Конгресот, но владини официјални лица неделава објавија некои детали. Новинските извештаи пренесоа дека Обама сака да ја обнови финансиската поддршка за работниците кои се водат како невработени подолг период. Претходно, претседателот рече дека сака да го продолжи за уште една година дво-процентното намалување на платите за сите владини службеници, а кој треба да истече на крајот од годината.

Како дополнување, претседателот планира да бара одобрување за намалување на даноците за вработените, како и да додаде даночни олеснувања за компании кои вработуваат повеќе работници. Обама се очекува да повика за обнова на застарените патишта, мостови и училишта.

XS
SM
MD
LG