Линкови за пристапност

„Мека“ цензура во медиумите во Македонија


Мека цензура на медиумите во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Мека цензура на медиумите во Македонија

„Лоша пракса, лоша верба“ е еден од серијата извештаи за глобалната „мека“ цензура, проект на Светската издавачка новинска асоцијација, во соработка со Центарот за меѓународна помош на медиуми

Официјалните финансиски отстапки и умисленото партиско влијание, резултираа со „заробување на медиумите“ од страна на државата, намалувајќи ја професионалноста и кредибилитетот на новинарската професија, притоа ограничувајќи ја нејзината легитимна улога во промоција на демократски развој преку обезбедување на непристрасни информации и простор за јавни дискусии и дебати, се наведува во извештајот од Светската издавачка новинска асоцијација.

Медиумите блиски на Владата се поддржани на различни начини, особено преку нетранспарентна дистрибуција на финансии за реклами и други намени, со што се создава клима на вмешаност на партиските политички и бизнис интереси во формирање на медиумската агенда, директно обликувајќи го начинот на известување. Во извештајот се наведуваат различни механизми на таканаречена „мека“ цензура за да се замолчат новинарите или да се изврши притисок врз нив.

Финансиската реална состојба на медиумите во Македонија, практично принудува многу од медиумите да станат зависни од државните пари за реклами за да можат да опстанат, стои во извештајот.

На, медиумите со критички став кон Владата, не им е дозволен пристап до повеќето од средствата за реклами или поддршка, со што се ставени во подредена состојба, дури и со закана дека ќе бидат згаснати. „Меката“ цензура на политичарите и на високо-рангираните претставници, им овозможува да имаат едноставни, но деликатни алатки за вршење на притисок врз новинарите, честопати, на помалку од очигледни начини. Во Македонија, ова влијае, како на содржината, така и на тонот на поголемиот дел од известувањето. Во оваа земја има недостиг од непристрасно известување за активностите на Владата и државните институции, корупцијата, прашањата од граѓански интерес и наводните врски меѓу политиката, деловниот свет и медиумите. Постои мала застапеност на овие теми во медиумите со оглед на фактот дека законите по теркот на стандардите на ЕУ честопати се брзо усвојувани, но во голем дел остануваат неимплементирани, се наведува во глобалната евалуација на „меката“ цензура.

Понатаму се посочува дека македонските новинари се соочуваат со вербални закани и физички напади. Неразрешените случаи на физички напади се и натаму неразрешени, што е мошне проблематично за слободата на медиумите. Повеќегодишното неавторизирано прислушување на новинарите од тајната полиција, разговори обелоденети од лидерот на опозицијата, Зоран Заев, предизвикаа политичка криза и медиумска контроверза во земјата. Сето ова, се додава во извештајот, придонесува за атмосфера на зголемена претпазливост и само-цензура меѓу македонските новинари.

Европската комисија и други релевантни организации ја пофалија Македонија за придобивките во развојот на некои од нејзините демократски институции. Работата на медиумите во земјата, стои во извештајот, оди во погрешна насока. На ситуацијата којашто има длабоки корени, и` се потребни систематски промени што можат да се реализираат само преку искрена определба на Владата, бизнисите и претставниците на медиумите.

Македонската Влада сега треба да работи со добра волја, за да дозволи и помогне во развојот на разновидни и вибрантни медиуми, а надворешните институции коишто поттикнуваат реформи и обезбедуваат помош, би требало да инсистираат дека тоа ќе биде клучен елемент во демократскиот напредок на земјата се вели во препораките од Светската издавачка новинска асоцијација.

Овој извештај за праксата и зачестеноста на „меката цензура“ во Македонија, е дел од Глобалната евалуација на меката цензура, проект на Светската издавачка новинска асоцијација, во соработка со Центарот за меѓународна помош на медиуми, а поддржани од Фондациите Отворено општество.

Меката цензура во Македонија: „Лоша пракса, лоша верба“, е еден од серијата извештаи за „мекиот“ вид на цензура ширум светот. Освен за Македонија, од 2013 до 2015-та година, извештаи беа издадени и за Унгарија, Малезија, Мексико, Црна Гора и Србија.

XS
SM
MD
LG