Линкови за пристапност

Груевски го доби мандатот: Со кого ќе формира мнозинство?


Груевски го доби мандатот: Со кого ќе формира мнозинство?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Груевски го доби мандатот: Со кого ќе формира мнозинство?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има 20 дена да му поднесе предлог на Собранието

Со чинот на доделување на мандатот почна да отчукува рокот во кој Никола Груевски треба да обезбеди мнозинство во парламентот кое би ја поддржало неговата влада. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – партијата која ја предводи коалицијата со најмногу пратеници 51 во собранието, од денеска има на располагање 20 дена да најде поддршка од другите политички партии и до Парламентот да поднесе програма и предлог состав на влада. Ниту шефот на државата, ниту мандаторот не дадоа изјави за медиумите.

Сега и официјално почнуваат политичките комбинаторики и договарања, зашто резултатите од изборите на 11-ти декември покажаа дека секој пратеник е важен. Се очекува ВМРО-ДПМНЕ да се фокусира на својот 9-годишен коалициски партнер ДУИ со нејзините 10 пратеници кои се половина од 20-те што ги освоија албанските парти – БЕСА има 5, Алијансата за Албанците 3, ДПА 2. Европската комисија денеска порача дека сака брзо формирање влада посветена на реформите.

Маја Коцијанчиќ од Европската комисија изјави: „Во оваа фаза, единствено што можам да кажам е дека ја следиме ситуацијата. Како што претходно рековме очекуваме, во рамки на уставните рокови, брзо формирање на нова стабилна влада. Исто така, сакаме да видиме итна имплементација на реформите, решавање на прашањата за системското владеење на правото - и преку итните реформски приоритети и преку имплементација на претходните политички договори“.

Во денешно интервју Груевски изјави дека ќе се обиде да состави влада, но не по секоја цена. „Ако се оди по досегашните установени принципи во Македонија, би требало да составам влада. Ако се прекршат, се е можно“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред два дена ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците објавија платформа која ќе биде нивна основа во преговорите за влада, а која, меѓу другото, предвидува употреба на албанскиот како официјален јазик, економска рамноправност, решавање на спорот за името со вклучување на Албанците во работната група и брза интеграција во НАТО и во Европската унија.

XS
SM
MD
LG