Линкови за пристапност

Финале на НБА: Голден стејт - Кливленд


Хјустон немаше сила за пресврт против Кливленд

Голден стејт вориорс пред до последното место исполнетата сала во Окланд со 104:90 го порази Хјустон рокетс и со севкупен резултат од 4:1 се пласираше во финалето на НБА.

Стивен Кари имаше уште една блескава ноќ со 26 поени. Клеј Томсон постигна 20 поени, од коишто 4 „тројки“. Кај гостите од Хјустон, целосно потфрлија Џејмс Харден, којшто постигна само 13 поени, и Двајт Хауард со 18.

Во финалната серија на НБА, којашто започнува на 4-ти јуни, се среќаваат шампионите на Источната конференција, Кливленд Кавалирс, и на Западната, Голден стејт вориорс. Предноста од домашен терен на првиот дуел ќе ја има Голден стејт поради подобриот учинок во регуларниот тек на сезоната.

XS
SM
MD
LG