Линкови за пристапност

НАСА лансираше сателит од 1,5 милијарди долари


НАСА лансираше сателит од 1,5 милијарди долари

НАСА лансираше сателит од 1,5 милијарди долари

НАСА вели дека со помош на петте различни видови на инструменти, тој ќе собира информации за метеоролошките служби ширум светот.

Американската вселенска агенција (НАСА) лансираше сателит вреден 1,5 милијарди долари што има задача да ја подобри временската прогноза и да ги следи долгорочните климатски промени.

Сателитот тежок два тона и голем колку мал автобус се упати во орбитата на 800-тина километри над Земјата носен од ракетата Делта 2. НАСА вели дека со помош на петте различни видови на инструменти, тој ќе собира информации за метеоролошките служби ширум светот.

Сателитот има задача и да регистрира податоци за состојбата на животната средина, како покривката од мраз на половите и озонскиот слој, со што ќе даде нови и подобри информации за последиците од долгорочните климатски промени. Наредните пет години леталото ќе ја обиколува Земјата десетина пати на ден.

XS
SM
MD
LG