Линкови за пристапност

НАСА потфрлила во откривање на астероиди опасни по Земјата


Тврди во извештај главниот инспектор на американската вселенска агенција

Главниот инспектор на НАСА тврди дека американската вселенска агенција потфрлила во мисијата што и` ја наложи Конгресот, да пронајде 90% проценти од потенцијално опасните астероиди што би минале близу Земјата.

Преку програмата засега се пронајдени само 10% од астероидите и другите тела поголеми од 140 метри попречно, што се на оддалеченост од 45 милиони километри од Земјата
Преку програмата засега се пронајдени само 10% од астероидите и другите тела поголеми од 140 метри попречно, што се на оддалеченост од 45 милиони километри од Земјата

Пол Мартин соопшти дека на програмата на НАСА „Вселенски тела во близината на Земјата“ работи недоволен број на лица и дека НАСА лошо управува со неа.

Tој во извештајот наведува дека преку програмата засега се пронајдени само 10% од астероидите и другите тела поголеми од 140 метри попречно, што се на оддалеченост од 45 милиони километри од Земјата. Главниот инспектор предвидува дека НАСА најверојатно нема да успее да го испочитува крајниот рок до 2020-та да пронајде 90% од нив.

Повеќето вселенски тела во близина на Земјата безопасно се растураат кога ќе навлезат во нејзината атмосфера и пред да паднат на нејзината површина
Повеќето вселенски тела во близина на Земјата безопасно се растураат кога ќе навлезат во нејзината атмосфера и пред да паднат на нејзината површина

Повеќето вселенски тела во близина на Земјата безопасно се растураат кога ќе навлезат во нејзината атмосфера и пред да паднат на нејзината површина. Па сепак, минатата година, релативно мал астероид експлодира над Челјабинск во јужна Русија, со јачина од 30 атомски бомби. Над 1.000 лица беа повредени од неговите остатоци.

„Неодамнешното истражување сугерира дека настаните од типот на оној во Челјабинск се случуваат секои 30 до 40 години“, стои во извештајот на главниот инспектор на НАСА. Тој додава дека тоа најчесто се случува во океаните, отколку во населени области.

Историчарите веруваат дека објект широк 10 километри ја погодил Земјата пред 66 милиони години во областа кадешто денес се наоѓа Мексико, при што го истребил речиси сиот живот на планетата и предизвикал изумирање на диносаурсите.

Од 1998-ма, НАСА потрошила околу 100 милиони долари на разни рограми за пронаоѓање, проценка и ублажување на последиците од потенцијално опасните небесни тела
Од 1998-ма, НАСА потрошила околу 100 милиони долари на разни рограми за пронаоѓање, проценка и ублажување на последиците од потенцијално опасните небесни тела

Од 1998-ма, НАСА потрошила околу 100 милиони долари на разни рограми за пронаоѓање, проценка и ублажување на последиците од потенцијално опасните небесни тела.

Извештајот нуди пет препораки за зајакнување на способноста на НАСА да открива вселенски закани, меѓу коишто и вработување на најмалку четири до шест нови лица коишто ќе помогнат во управувањето на програмата и координирањето на проектите со другите американски и меѓународни агенции,како и приватно финансираните иницијативи.

Помошникот-управник за наука на НАСА, Џон Грунсфилд, во писмо до Мартин наведува дека очекува ревидираната програма на НАСА да започне на 1-ви септември 2015-та.

XS
SM
MD
LG