Линкови за пристапност

Сонда на НАСА одблиску фотографираше прастар астероид


Сонда на НАСА одблиску фотографираше прастар астероид

Сонда на НАСА одблиску фотографираше прастар астероид

Научниците се надеваат да дознаат повеќе за создавањето на Земјата

Сондата Дон на НАСА испрати фотографии со висока резолуција од астероидот Веста, второто по големина небесно тело во појасот меѓу Марс и Јупитер.

Ова е првата сонда што орбитирала околу тело во појасот полн со астероиди. Дон го фотографираше астероидот широк 530 километри од височина од 16.000 километри, а ќе продолжи да кружи околу него во период од една година. Во американската вселенска агенција велат дека Веста е „најстарата зачувана праисконска површина“ во Сончевиот систем.

Научниците се надеваат дека фотографиите на Дон ќе им овозможат да дознаат повеќе за создавањето на Земјата, особено поради фактот што астероидот практично останал непроменет од тоа време.

XS
SM
MD
LG