Линкови за пристапност

„Манекенски сојуз“ во одбрана на професијата


„Манекенски сојуз“ во одбрана на професијата

„Манекенски сојуз“ во одбрана на професијата

Гламурозната фасада ја крие грдата страна, тврди манекенката Сара Зиф.

Напоредно со пролетната недела на модата, што започна на 9-ти февруари, група манекенки од Њујорк побараа заштита на нивните права на работното место и кренаа глас против експлоатацијата и сексуалната злоупотреба.

Сара Зиф станала манекенка на 14 години. Кога наполнила 21-на, нејзиниот лик го преплавил Менхетен на рекламите за познати модни куќи. Но, таа предупредува – професијата има и грда страна.

„И покрај гламурозната фасада на индустријата, реалноста може да биде се`, само тоа не“, вели Зиф, наведувајќи ги причините за основање на „Манекенскиот сојуз“, иницијатива чии членови се претставени и во истоимен документарец.

Манекенките обично се третираат како договорни соработници, а не вработени, што остава простор за избегнување на редица регулативи, како на пример законите против експлоатација на детскиот труд, раскажува Зиф. Манекенките често започнуваат како тинејџери, одвоени од семејството, па и родната земја. Зиф додава дека работат прекувремено, а понекогаш наместо пари, добиваат облека како надоместок. Не заработуваат многу, така што постојано им должат на манекенските агенции. „Манекенскиот сојуз“ наведува дека постои и сексуална злоупотреба.

„Вносните кариери на супер-манекените како Џизел или Кејт Мос не ја отсликуваат реалноста на повеќето манекенки кои се најчесто млади, од Источна Европа, Бразил... Не го владеат добро англискиот и ранливи се“, тврди Зиф.

Агенцијата Мерилин, која ја застапува Зис, го поддржува „Манекенскиот сојуз“, а претседателката на Здружението на модни дијзанери на Америка, Дајен фон Фурстенберг, се залага старосната граница за професијата да биде барем 16 години. Според Фон Фурстенберг, голем дел од агенциите ветиле дека нема да користат манекенки помлади од тоа, но Гласот на Америка не доби одговор од повеќе агенции на барањето за детален коментар по ова прашање.

XS
SM
MD
LG