Линкови за пристапност

Мигрантската криза и односот на Европа


Дискусијата на Универзитот Џонс Хопкинс ја нагласи потребата од унифицирана реакција, но и непостоењето на брзо решение

Кризата со егзодусот на бегалци има несогледливи глобални последици и создава потреси врз геостратешките интереси на јужното крајбрежје на Средоземното море - првата станица за преку 500.000 мигранти кои го продолжија патот за подобар живот кон Европа, заклучија учесниците во Вашингтон.

ЕУ е затечена и неподготвена за прифаќање на толкав бран бегалци, призна германскиот амбасадор во Вашингтон Питер Витиг, чија земја е една од најчесто избираните дестинации за бегалците и мигрантите. Иако нагласи дека тие се добредојдени во неговата земја, тој потсети на ксенофобијата во некои слоеви на општество. Тој кажа дека законот за азил во оваа најбогатата европска земја е релаксиран и нуди можности за обезбедување постојан престој во земјата, но побара поголема контрола на границите од земјите-членки кои се првата станица за влез во Унијата.

Од друга страна, според унгарската амбасадорка во САД Река Семеркени, чија земја беше критикувана заради изградбата на ограда долж границата со Србија и за начинот на кој ги третира бегалците, рече дека справувувањето со кризата треба да оди на три фронта: усогласување заедничка политика на ЕУ за прифаќање на бегалците и организирање на прифатни центри, зголемување на финансиската поддршка за Агенцијата за бегалци на ОН, УНЦХР, со цел да им се помогне на бегалците во камповите во Сирија, Јордан, Ирак и Турција, и лоцирање на корените на кризата.

Претседателот на организацијата „Рефјуџи Интернешенал“, Мишел Габадан, понуди личното искуство со бегалците со посета на бегалските кампови 14 пати во различни држави во последните две години. Тој алармираше дека има драстично опаѓање на животниот стандард на бегалците - од сиромаштија до мизерија, со недостиг од најнеопходни услови и намирници. Тој упати јавен повик за итна интервенција од меѓународната заедница.

XS
SM
MD
LG