Линкови за пристапност

Семејната историја фактор кај ракот на простата


Важни податоците и за роднините од второ и трето колено

Информациите за семејната историја во врска со ракот за простата, како на пример дали тој бил присутен кај роднините од второ и трето колено, може да помогне во утврдувањето на тоа кој носи поголем ризик за болеста.

Истражувачите на Институтот за рак Ханстман од Универзитетот на Јута откриле дека семејната историја на пациентот, меѓу што и информациите за неговите чичковци, прадедовци, па и нивните родители, може да одреди кој треба да направи тестирање за рак од простата.

Научниците собрале информации за семејната историја на 7,3 милиони лица. Според бројот на роднини коишто имале ваков рак, научниците утврдиле дека 10% од нив имале трипати поголем, а 26% двапати поголем ризик да заболат, споредено со оние коишто немале таква семејна историја.

Истражувањето е објавено во журналот Простата.

XS
SM
MD
LG