Линкови за пристапност

Нова мисија на Марс


НАСА бара одговор: како од топла и влажна, Црвената планета станала сува и студена

Одбројувањето за новата мисија на Марс започна - американската вселенска агенција НАСА вечерва во 20:28 часот по македонско време ќе лансира летало што ќе кружи околу Црвената планета и ќе ги испитува горните слоеви на атмосферата.

Научниците се надеваат дека МАВЕН (кратенка за атмосферата на Марс и испарлива еволуција), ќе даде одговор како се случило да исчезне водата на површината на планетата и да се проретчи атмосферата. Ова е по првпат да се истражуваат причините за драматичните климатски промени на Марс во текот на милијарди години, со што од топло место со течна вода, планетата станала студена пустина.

Леталото ќе биде лансирано од базата Кејп Канаверал во Флорида. Метеоролозите наведуваат дека има 60% веројатност временските услови да бидат погодни за лансирање.

МАВЕН би требало да пристогне во орбитата на Марс на 22-ри септември 2014-та, кога ќе ги рашири свои сончеви плочи и ќе почне да собира податоци.
XS
SM
MD
LG