Линкови за пристапност

Азиските пазари – со добивка


Азиските пазари – со добивка

Азиските пазари – со добивка

Влијание од позитивните вести од Вол стрит

Берзите ширум Азија го завршија денот со добивка, следејќи го кревањето на акциите на Вол стрит по понеделничкото масовно распродавање.

Јапонскиот индекс Никеи во средата го заврши денот со пораст од еден процент, а во Хонг Конг доби повеќе од два и една четвртина од процентот. Берзите во Сиднеј, Велингтон и Тајван исто така денот го завршија со најмалку два проценти повисоко.

Европските индекси направија добивка во текот на денот, но на крајот нагло паднаа.

Американските пазари позитивно реагираа на одлуката на Федералните резерви за задржување на каматната стапка на ултра ниско ниво – меѓу нула и една четвртина од процентот, најмалку до средината на 2013-та. Федералните резерви изразија загриженост дека домашната економија бавно се опоравува и пазарот на трудот е послаб отколку што се очекувало.

XS
SM
MD
LG