Линкови за пристапност

Разгледница од Градот на ангелите


Лос Анџелес - Град на Ангелите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00
Direct link

Лос Анџелес e трет најбогат во САД и петти највлијатен во светот; домот на Холивуд, со највеќе музеи по глава на жител...

Лос Анџелес е етнички најмешаната метропола во државата. Статистиката вели дека во него живеат луѓе од 124 земји во светот; најнаселен град во сојузната држава Калифорнија, втор во САД по Њујорк, со 4 милиони жители, според последниот попис пред две години.

Градот на ангелите се простира на 400-тини квадратни милји, со областите сврзани со него - Санта Клара и Лонг Бич.

Во него, дом имаат бројни телевизиски продукции, уметнички перформанси и филмски премиери. Важноста да се биде близу до гламурот прави тука да живеат речиси сите филмски ѕвезди, бројни спортисти, уметници...

Еден на секои шест жители работат во креативната индустрија. Според Институтот за иновации при Лос Анџелес, има повеќе уметници, сценаристи, филмаџии, актери, танцувачи и музичари кои живеат и работат во градот отколку на било кое место и време во историјата на цивилизацијата.

Лос Анџелес го сочинуваат 80-тина квартови. Безбедноста не е насекаде иста - некои делови хронично патат од криминал и улични банди. Актуелниот градоначалник Антонио Вилараигоса има полни раце работа со ова, но и резултати - убиствата во моментов се на најниско ниво последните 50 години.

Лос Анџелес е дом на Холивуд, храмот на уметноста на подвижните слики. Домаќин на Оскарите. Уникатен е и со 841 музеј и уметнички галерии - има повеќе музеи по глава на жител од било кој град во светот. Најпознат е Музејот на уметноста, најголем на западното крајбрежје на САД.

И спортот е значаен промотор на престижот на оваа метропола. Доџерси во безбол лигата, Лејкерси и Клиперси во НБА, Галакси во фудбал. Сите имаат ѕвезди, сите успешни тимови.

Што и` да правите во Лос Анџелес, имате чувство дека на вас внимава - ангел-чувар.
XS
SM
MD
LG