Линкови за пристапност

Почина Лоренс Иглбергер


Почина Лоренс Иглбергер
Почина Лоренс Иглбергер

Поранешниот државен секретар на скопјани им остана во сеќавањето по прекарот „Лоренс од Македонија“ за помошта што ја обезбеди по земјотресот во 1963-та.

Поранешниот американски државен секретар и амбасадор во Југославија Лоренс Игелбергер саботата почина од пневмонија на 80-годишна возраст.

Иглбергер мина над 40 години во служба на државата и важеше за дипломат со изворедна способност за решавање на кризни ситуации. Беше и добар познавач на ситуацијата на Балканот, со искуство од прва рака од регионот, како амбасадор на САД во Југославија, во времето кога почина претседателот Јосип Броз Тито. Како службеник за економски прашања во истата амбасада во 1960-те, го доби прекарот „Лоренс од Македонија“ за неуморните залагања да обезбеди американска помош за погодените од земјотресот во Скопје во 1963-та. Благодарејќи на Иглбергер, во разурнатиот град набрзо беше подигната американска полска болница.

Белата куќа по повод смртта на Иглебергер издаде соопштение во кое го нарекува истакнат дипломат во служба на јавноста во клучните денови на Студената војна и падот на Берлинскиот ѕид.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека тој беше непоколеблив поборник за американските вредности. Минатиот месец, Иглбергер учествуваше на настан во Стејт департментот заедно со Клинтон и поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт.

XS
SM
MD
LG