Линкови за пристапност

Маверикс ги збришаа Лејкерс


Маверикс ги збришаа Лејкерс

Маверикс ги збришаа Лејкерс

Заврши сезоната за актуелниот шампион

Од синоќешните резултатите од плеј-оф-от извојуваме:

Алтанта Хокс на домашен терен ги поразија Чикаго Булс со 100-88 и го изедначија резултатот на 2:2 во серијата најдобар од седум во полуфиналето од источната конференција во НБА. Ѕвездата на гостите од Чикаго и освојувач на овогодишената титула на најкорисен играч во Лигата, Дерек Роуз, кој во претходниот меч постигна рекордни 44 поени, имаше лош ден. Најпрецизни беа Карлос Бузер со 18 поени и Луа Денг со 13. Кај домаќините, најдобар беше Џо Џонсон со уфрлени 24 поени, од кои 22 во првите три четвртини.

Следниот меч се игра утре во Чикаго.

Во западната конференција, Далас Маверикс го збришаа шампионот Лос Анџелес Лејкерс со 122 – 86. Серијата меѓу двата тима заврши со 4:0. Разиграната екипа од Тексас ја предводеше Џејсон Тери со 9 тројки, а ништо послаб не беше ниту српскиот кошаркар Пеџа Стојаковиќ кој беше прецизен шест пати од шест удари зад линија за три поени. Гостите од Лос Анџелес Лејкерс ги предводеше Коби Брајант кој уфрли само 17 поени. Неизвесна е судбината на легендарниот тренер на Лејкерс Фил Џексон, кој најави заминување од Лигата уште по освојувањето на ланската шампионска титула со Лос Анџелес.

Денеска се среќаваат Оклахома – Мемфис и Мајами – Бостон.

XS
SM
MD
LG