Линкови за пристапност

Традицијата на креирање заеднички голем цртеж продолжува


Традицијата на креирање заеднички голем цртеж продолжува
Традицијата на креирање заеднички голем цртеж продолжува

Околу 3.000 лица во Лос Анџелес имаа можност да ги претстават своите уметнички вештини преку креирање панорамска патека долга еден километар.

Некои од оние кои се приклучија на проектот сакаат да станат уметници, како ученици од Рајман артс, непрофитна програма за уметност што нуди викенд-часови на сликање. Имало и случајни минувачи низ паркот, на кои им било понудено да учествуваат.

Учениците и аматерските уметници прво се обиделе да ги нацртаат контурите на дрвјата, цвеќињата, луѓето и зградите на музеите, кои потоа ги обоиле со пастелни бои и јаглен.

Дајен Бригам од Рејман Артс вели дека настанот е доказ дека секој може да даде уметнички придонес.

Проектот ги зближил идните уметници и другите во работата на иста слика. Учесниците велат дека токму тоа целиот процес го прави интересен и забавен.

Софија Зардерс е една од нив. Таа вели дека цртањето било нејзина страст и дека целиот настан за неа е прекрасен.

Ова не е прв пат да се изведува овој проект. Традицијата започнала пред 11 години, во Британија, а од пред две години станува традиција и во Лос Анџелес.

XS
SM
MD
LG