Линкови за пристапност

Киро Глигоров - Повеќе почитуван надвор, отколку дома


Киро Глигоров - Повеќе почитуван надвор, отколку дома
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Конференција во МАНУ по повод од 100-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Македонија

Прв претседател на независна Македонија, државник, човек често повеќе ценет надвор, отколку дома – ова беа само дел од работите кажани за Киро Глигоров на конференцијата по повод од 100-годишнината од неговото раѓање и улогата што тој ја имаше во меѓународното етаблирање на земјата во турбулентните 90-ти.

„Неговите постапки беа добро осмислени, добро извршени, рационални, во манир на вистински политичар и државник“, изјави претседателот на МАНУ, Таки Фити.

„За време на двата претседателски мандата, Глигоров и во странство и на средби со други државници достојно ја претставуваше Македонија и нејзината самостојност застапувајќи ги нејзините витални интереси“, изјави поранешниот амбасадор Душан Бојчев.

Глигоров, често беше критикуван за неговите одлуки во тие времиња на распад на поранешната држава дека настапувал внимателно и со задршка. Но, дел од тогашните амбасадори објаснија како европските престолнини ги перципирале неговите чекори.

„Француските власти оценуваа дека Киро Глигоров е почитуван зашто во историски моменти покажал исклучителна храброст“, коментира Луан Старова, поранешен амбасадор на Македонија во Франција.

Дел од прашањата поставени денеска беа во каква состојба е Македонија - пет години по смртта на првиот претседател.

„За жал, од оаза на мирот, како што Македонија ја нарекуваше претседателот Глигоров, не остана речиси ништо. Затоа промените што се случуваат налагаат враќање на принципите според кои се раководеше првиот претседател“, оцени поранешниот амбасадор Данчо Марковски.

А кон што гледаше Глигоров, најдобро покажува ова негово интервју дадено во далечната 1993-та година.

„Да ја оставиме историјата настрана, на Балканот, за жал повеќе се занимаваме со историјата, отколку со иднината“, порача првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG