Линкови за пристапност

Подигнат споменик на Мартин Лутер Кинг во Вашингтон


Подигнат споменик на Мартин Лутер Кинг во Вашингтон

Подигнат споменик на Мартин Лутер Кинг во Вашингтон

Споменикот на американскиот лидер за граѓански права се отвора за јавност

Споменикот на поборникот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Џуниор во понеделник се отвора за јавноста, воочи официјалната церемонија на 28-ми овој месец.

Споменикот на Мартин Лутер Кинг се наоѓа на Националното шеталиште во Вашингтон меѓу оние на поранешените претседатели Томас Џеферсон и Абрахам Линколн. Ова е прв споменик на централна локација, подигнат во чест на човек кој не бил претседател или, пак, да е посветен на војна.

Градбата е висока девет метри, направен е од гранит со изгравирани познати цитати на славниот лидер за граѓански права. Официјалното отварање в недела ќе се одржи на 48-та годишнина од Маршот во Вашингтон и познатиот говор на Кинг „Имам сон.“ На церемонијата предвидено е и обраќање на претседателот Барак Обама.

Споменикот е лоциран на адресата „1964 Авенија Индепенденс“, што практично е годината кога претседателот Линдон Џонсон го потпиша Актот за граѓански права, со што стана закон.

XS
SM
MD
LG