Линкови за пристапност

Почина лидерот на Северна Кореја


Почина лидерот на Северна Кореја

Почина лидерот на Северна Кореја

По веста за смртта на Ким Јонг Ил – народот на државата во длабок шок

Клучни настани од животот на Ким Јонг Ил

  • 1941 – Се верува дека е годината кога е роден Ким Јонг Ил во Сибир, Советски Сојуз.

  • 1948 – Неговиот татко, Ким Ил Сунг ја основал комунистичка Северна Кореја.

  • 1964 – Ким Јонг Ил дипломирал од Универзитетот Ким Ил Сунг во Пјонгјанг и и` се приклучил на владејачката партија.

  • Септември 1973 – Ким Јонг Ил е именуван за партиски секретар за пропаганда и организација.

  • Февруари 1974 – Ким Јонг Ил е избран за за член на Политичкото биро на Централниот комитет на Работничката партија и е официјално избран за наследник на неговиот татко.

  • Декември 1991 - Ким Јонг Ил е именуван за врховен командант на Корејската народна армија.

  • Април 1993 - Ким Јонг Ил е именуван за раководител на Националаната комисија за одбрана.

  • 8-ми јули, 1994 - Почина Ким Ил Сунг, а Ким Јонг Ил станува негов наследник.

  • Октомври 1997 - Ким Јонг Ил е именуван за Генерален секретар на Работничката партија.

  • Август 2008 – Наводно претрпел мозочен удар.

  • 28-ми септември, 2010 – Неговиот трет син Ким Јонг Ун е промовиран во генерал со четири ѕвездички, чекор да биде назначен за иден лидер на Северна Кореја.

  • 17-ти декември, 2011 – Ким Јонг Ил, според државните медиуми починал од срцев удар.

Официјалната Корејска централна новинска агенција соопшти дека 69-годишниот изолиран лидер починал во саботата од срцев удар. Агенцијата додава дека починал од прекумерен „ментален и физички труд.“

Агенцијата соопшти дека неговиот погреб ќе биде на 28-ми декември во Пјонгјанг. Од 17-ти до 29-ти декември е период на национална жалост.

Ким Јонг Ил дојде на чело на Северна Кореја, по смртта на неговиот татко Ким Ил Сунг во 1994-та година. Веродостојни биографски информации за Ким се ретки. Тој ретко се појавуваше во јавност, а неговиот глас исто така ретко беше објавуван во медиумите.

Тој најмногу ќе се памети по спротиставувањето на меѓународната заедница и поттикнување на нуклеарната програма на Северна Кореја, додека милиони Севернокорејци гладуваа.

Кон крајот на минатата година , Ким Јонг Ил го промовираше неговиот син Ким Јонг Ун во генерал со четири ѕвездички, што се толкуваше како чекор кон избирање на негов наследник на функцијата.

Ким Јонг Ун се верува дека има 28 години, но и за него малку се знае во јавноста.

Севернокорејците изразија шок на веста за смртта на Ким Јонг Ил, ногумина плачејќи по улиците – слики кои денеска се прикажувани насекаде во светот.

XS
SM
MD
LG