Линкови за пристапност

Загина нобеловецот Џон Наш


Генијалниот математичар и добитник на Нобеловата награда за економија загина во сообраќајна несреќа во САД

Математичарот и добитник на Нобелова награда Џон Неш, чија лична битка со шизофренијата беше портретирана во филмот „Прекрасен ум“ во 2001-ва, загина со неговата сопруга во сообраќајна несреќа во САД.

Осумдесет и шестгодишниот Неш и неговата 82-годишна сопруга Алисија загинале во саботата кога возачот на такси возилото во кое биле ја загубил контрола врз автомобилот на автопат во Њу Џерси.

Неш освои Нобелова награда за економија во 1994-та, за неговата теорија на играта и за улогата на метиматиката при носењето одлуки, што се сметаат за едни од највлијателните идеи на 20-от век.

Филмот во чија главна улога беше добитникот на Оскар Расел Кроу беше лабаво заснован на битката на Неш со шизофренијата. Неш рече дека страда од болеста 25 години, иако во подоцнежните години успеал да престане да зема лекови и да се врати на нормалните активности и истражување.

XS
SM
MD
LG