Линкови за пристапност

Хан: Изборите се важен крстопат на патот кон ЕУ


Еврокомесарот со порака во Скопје – мора да се дозволи Специјалното јавно обвинителство соодветно да ја врши работата

По средбите со лидерската четворка, потписници на Договорот од Пржино, и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, еврокомесарот Јоханес Хан порача дека оваа посета ја остварил за да покаже дека значителниот процес до изборите ЕУ и понатаму будно се следи во Брисел.

Хан по денешните средби во Скопје изјави дека важно е изборите да бидат добро подготвени и изведени на начин, на кој нема да може никој да ги критикува.

Во однос на Специјалното јавно обвинителство, истакна дека е важно тоа да биде оставено да ја работи својата работа непристрасно и професионално.

XS
SM
MD
LG