Линкови за пристапност

Обама домаќин на Абе


Јапонскиот премиер во државна посета на Вашингтон, со фокус на подобрување на одбранбените и трговски врски

Претседателот Барак Обама го прими јапонскиот премиер Шинзо Абе во Белата куќа во официјална државна посета на која фокусот е проширување на билатералните одбранбени и економски врски.

Спроти посетата, Абе и виши официјални јапонски државници се сретнаа со нивните американски колеги во Њујорк во понеделникот и се согласија да го зајакнат партнерството во областа на одбраната, чекор на кој се гледа како одговор на кинеската растечка моќ.

Изменетите одредби во договорот и` овозмужуваат на Јапонија да игра поголема улога во меѓународните конфликти, и Токио да може да интервенира на страната на трета држава во евентуален конфликт.

За прв пат во 18 години, договорот меѓ САД и Јапонија се преразгледува во делот на одбраната.

„Денес одбележуваме можност на Јапонија да ја брани не само својата територија туку и други партнери, ако е потребно“, изјави државниот секретар Џон Кери на прес-конференција.

Кери потврди дека групата острови за кои и Кина и Јапонија тврдат дека дека се во нивни територијални води, се покриени со заедничкиот одбранбен договор. Тоа значи дека Вашингтон е обврзан да му прижи помош на Токио, ако островите се нападнати.

Разговорите Обама-Абе се дел од трговскиот договор САД – Азија, познат како Транс-пацифичко партнерство, што вклучува 12 држави, но не и Кина.

Во интервју во понеделникот за Вол Стрит Џурнал, Обама го бранеше трговскиот договор и рече дека е важен дел во обезбедувањето на идните американски интереси.

XS
SM
MD
LG