Линкови за пристапност

Дополнителни средства против Исламската држава


Претставничкиот дом размислува за нова помош за курдските Пешмерга и за сунитските сили коишто се борат против милитантите на организацијата

Претставничкиот дом разгледува предлог-мерка за зголемување на средствата за курдските Пешмерга и за сунитските сили коишто се борат против милитантите на Исламската држава (ИД) во Ирак.

Според предлогот, комбинираните сили би можеле да добијат 25% (или 179 милиони долари) од вкупните одобрени средства од 715 милиони за обучување и опремување на ирачките сили коишто се борат против ИД. Тие исто би биле во можност да добијат дополнителни 60% од преостантите средства (околу 536 милиони), доколку ирачката влада не исполни одредени услови за политичко помирување.

Ренас Џано Мухамед, член на Комисијата за надворешни работи на Парламентот на Ирак, изрази поддршка за предлогот, велејќи дека „целта на легислативата е да држи баланс на моќта во земјата во борбата против ИД и дека не го дели Ирак“. Но, шиитскиот свештеник Моктада ал-Сад`р се закани дека ќе нападне американски интереси во Ирак доколку мерката биде усвоена.

XS
SM
MD
LG