Линкови за пристапност

Обама: Ајрин се очекува да биде „историско“ невреме


Обама: Ајрин се очекува да биде „историско“ невреме

Обама: Ајрин се очекува да биде „историско“ невреме

Претседателот ги повика жителите на кои им била издадена наредба за евакуација, да ја почитуваат

Претседателот Барак Обама ги повикува жителите на источниот брег на САД да преземат предострожни мерки заради ураганот Ајрин што се очкува да ја погоди сојузната држава Северна Каролина во сабота. Како последица властите стравуваат дека ќе има големи поплави и прекин на електричната енергија.

Обама потенцираше дека според сите индикации, ураганот Ајрин се очекува да биде „историско“ невреме. Тој подвлече дека земјата треба да биде „подготвена за најлошото“ и ги повика жителите на кои им била издадена наредба за евакуација, да ја почитуваат.

Гувернерите на седум сојузни држави од Северна Каролина до Конектикат објавија вонредна состојба, а воедно претседателот Обама конкретно објави вонредна состојба за Северна Каролина.

Властите во Њујорк соопштија дека од утре напладне по локално време на неодредено време ќе биде затворен системот за јавен превоз.

Секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано денеска изјави дека федералните власти невремето го земаат предвид „мошне сериозно“. Таа додаде дека претседателот Обама им издал директива на агенциите да ги обезбедат сите потребни ресурси на располагање.

XS
SM
MD
LG