Линкови за пристапност

Светските лидери размислуваат за понудата на Иран за продолжување на нуклеарните разговори


Светските лидери размислуваат за понудата на Иран за продолжување на нуклеарните разговори
Светските лидери размислуваат за понудата на Иран за продолжување на нуклеарните разговори

Иранскиот претседател кажа дека се надева на продолжување на разговорите каде што застанаа – во Турција

САД соопштија дека заедно со неколку светски сили ја разгледуваат иранската понуда за продолжување на разговорите за контроверзната нуклеарна програма.

На брифинг во Стејт департментот портпаролот Марк Тонер не кажа дали ќе биде прифатена понудата од Иран. Тој рече дека официјални лица од шест светски сили кои се вклучени во иранските нуклеарни разговори ќе ја разгледаат понудата и следните чекори.

Тонер рече дека последната рунда разговори за иранската нуклеарна програма во јануари била „разочарувачка“. Тој рече дека Иран треба да биде подготвен на сериозни преговори за нивната нуклеарна програма.

Шефот на иранскиот преговарачки тим Саед Џалили ја пренесе понудата за продолжување на разговорите на шефицата на дипломатијата на ЕУ Кетрин Ештон, како одговор на писмото што таа го пратила во февруари.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад рече дека неговата земја се надева на нова рунда преговори во Турција, каде се одржа претходната средба.

Разговорите беа прекнати во јануари откако Иран одби да разговара за замрзнување на програмата за збогатување на ураниум.

XS
SM
MD
LG