Линкови за пристапност

Началникот на Генералштабот на САД во Израел


Началникот на Генералштабот на САД во Израел
Началникот на Генералштабот на САД во Израел

Демпси ќе побара Израел да не презема превентивна воена акција против Иран, наведуваат израелските медиуми.

Началникот на Здружениот генералштаб на САД, армискиот генерал Мартин Демпси денес е во куса посета на Израел, во обид да ги надмине несогласувањата како да се реагира на иранската нуклеарна програма, за која обете земји тврдат дека е параван за развивање на нуклеарно оружје.

На дневниот ред на Демпси се средби со премиерот Бенџамин Нетанјаху, претседателот Шимон Перез, министерот за одбрана Ехуд Барак и првиот човек на израелската армија, генерал-полковникот Бени Ганц.

Нема подетални официјални информации, но според израелските медиуми, САД ќе побараат Израел да не презеде превентивна воена акција против Иран. Израел не ја исклучил оваа можност, додека САД претпочитаат построги санкции.

САД се обидуваат да добијат поголема поддршка од меѓународната заедница за евентуалното спроведување на санкциите, велејќи дека воената акција само дополнително би го дестабилизарала Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG