Линкови за пристапност

Во бомбашки напад загина ирански нуклеарен стручњак


Во бомбашки напад загина ирански нуклеарен стручњак

Во бомбашки напад загина ирански нуклеарен стручњак

Властите во Техеран за нападот ги обвинија Израел и САД.

Во бомбашки напад во Техеран загинал универзитески професор кој работел во иранската нуклеарна програма, а други две лица се повредени, соопштија иранските медиуми.

Според новинската агенција Фарс, две неидентификувани лица на мотоцикл ја поставиле бомбата под автомобилот на Мустафа Ахмади Рошан. Во нападот загинал и возачот на професорот, а бил повреден минувач.

Иранските власти за нападот ги обвинија Израел и САД. Иранскиот потпретседател Мухамед Реза Рахими за државната телевизија изјави дека нападот нема да ги запре нуклеарните активности на земјата.

САД одговорија дека немаат апсолутно никаква врска со експлозијата во која загина Рошан. Портпарол на Белата куќа острого осуди нападот и ситечинови на насилство.

Според агенцијата Фарс, 32-годишниот Рошан раководел со оддел во нуклеарната постројка Натанц, главната иранска постројка за збогатување на ураниум. На оваа локација, што се наоѓа над земјата, Иран веќе извесно време работеше на збогатување на ураниум од релативно низок стадиум.

Нападот се случи само неколку дена откако ирански претставници потврдија дека започнале со рафинирање на ураниум во нов подземен комплекс, а дипломати поврзани со Агенцијата на ОН за нуклеарна енергија индицираа дека таму се произведува многу порафиниран ураниум.

Изминативе неколку години, во слилни напади загинаа или пак бе аповредени неколкумина ирански нуклеарни научници.

Иранските претставници за инцидентите ја обвинуваат ЦИА и израелската разузнавачка агенција Мосад.

Советот за безбедност на ОН досега воведе четири рунди санкции против Иран заради одбивањето да прекине со збогатувањето на ураниум, нуклеарна активност што може да служи за мирнодопски, но и воени цели. Западните сили го обвинуваат Иран дека се обидува да развие нуклеарно оружје, а Техеран тврди дека нуклеарните амбиции се исклучиво за мирнодопски цели.

XS
SM
MD
LG