Линкови за пристапност

Ајфон 6 од денес во продавниците


Долги редици за новиот модел на мобилен

Долгоочекуваниот нов модел на Ајфон 6 од денес може да се купи во продавниците во САД, Британија, Јапонија и други држави ширум светот. Илјадници муштерии во долги редици пред продавниците на компанијата Епл со часови, а некои и со денови, чекаа да го купат новиот „Ајфон 6“ и „6 плус“.

Некои заминаа и во други држави за да пронајдат продавница кадешто може да се најде новиот мобилен телефон. Меѓу нив се и жителите на Кина, каде новиот Ајфон ќе почека за да се појави во продавниците поради регулаторни проблеми.

Епл прими рекордни 4 милиони нарачки уште пред да се појави во продажба новиот телефон, двојно повеќе од моделот Ајфон 5 пред две години.

Новиот модел на Ајфон има поголем екран од неговиот претходник, а батеријата има подолг век на траење.

Почетната цена за 12-сантиметарскиот Ајфон 6 е 199 долари, додека моделот 6 плус чини - 299 долари.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG