Линкови за пристапност

Бесими: Важно е Македонија да го држи фокусот на евроатлантските интеграции


Заменик-претседателот на македонската влада за европски прашања во интервјуто на Гласот на Америка говори за одразите на случајот „Пуч“

Глас на Америка: Господине Бесими се наоѓате во Вашингтон за време на Националниот молитвен појадок. Што е на вашата агенда?

Бесими: Покрај Молитвениот појадок, средби во Стејт департментот, во Конгресот, и во Националниот безбедносен совет, односно Белата куќа, како и дебата во Универзитетот Џонс Хопкинс, и други средби со дијаспората и пријатели што ги имам во Вашингтон.

Глас на Америка: Премиерот Груевски во несекојдевно обраќање до нацијата го обвини лидерот на СДСМ Заев за уцена и дека соработувал со странски служби. Сериозно кривично дело... Што сметате Вие?

Бесими: Многу сериозна состојба во поглед на сликата за Македонија, не само внатре, од аспект на тежината на процесот, туку и од аспект на тоа како гледаат на Македонија инвеститорите, како гледаат ЕУ и НАТО. Секако дека ваквата состојба не придонесува, туку напротив ќе влијае

Многу сериозна состојба во поглед на сликата за Македонија, не само внатре, од аспект на тежината на процесот, туку и од аспект на тоа како гледаат на Македонија инвеститорите, како гледаат ЕУ и НАТО.

врз евроинтеграцискиот процес, како и врз инвеститорите, особено од аспект на политичката сензитивност на самиот случај, со тоа што се работи за премиер и лидер на најголемата опозициона партија. Меѓутоа, важно е Македонија да го држи фокусот на евроатлантските интеграции, на реформите, како и да ги зачува меѓуетничките односи во Република Македонија.

Глас на Америка: Но, интересен е тајмингот - зошто токму сега се објавуваат овие работи, ако во период од неколку месеци се среќавал со Заев?

Бесими: Не можам да дадам коментар во однос на тоа.

Глас на Америка: Лидерот на опозицијата Заев порекнува дека го уценувал премиерот и дека соработува со странски служби. Амбасадата

Важно е Македонија да го држи фокусот на евроатлантските интеграции, на реформите, како и да ги зачува меѓуетничките односи.

на САД во Скопје веќе повика „да се задоволат највисоките стандарди на правната држава, транспарентност, принципиелност, заштита на слободата на говорот“. Кој е вашиот став?

Бесими: Македонија треба да покаже дека има капацитет и ги исполнува демократските стандарди - Копенхашките критериуми за демократски капацитет, како во однос на политичкиот амбиент, дијалог, така и во однос на кредибилноста на институциите. А тоа е важно не само за овие институции, ЕУ и НАТО, кошто го бараат тоа од нас, туку тоа е пред се` важно и за граѓаните и за

Тоа што Американската амбасада и ЕУ во моментов го даваат како коментар, изјава или соопштение, сметам дека е исклучително важно и дека со внимание треба да се земе предвид со голема сериозност.

инвеститорите во Република Македонија, да има независно судство, значи инвеститорите ќе знаат дека има судство кое ги штити подеднакво, независно дали се домашни или странски. Исто така, граѓаните ќе знаат дека имаат фер институции за сите, без разлика на нивниот културен, етнички или религиозен бекграунд. Тоа е важно за Македонија. Тоа што Американската амбасада и ЕУ во моментов го даваат како коментар, изјава или соопштение, сметам дека е исклучително важно и дека со внимание треба да се земе предвид со голема сериозност.

Глас на Америка: Дали ДУИ ја поддржува владејачката партија како се справува со случајот?

Бесими: Директно, во оваа ситуација, ДУИ не е вклучена. Меѓутоа, со оваа состојба е засегнат секој граѓанин на Република Македонија и секој правен субјект кој работи во Република Македонија. Всушност, Македонија

Директно, во оваа ситуација, ДУИ не е вклучена. Меѓутоа, со оваа состојба е засегнат секој граѓанин на Република Македонија и секој правен субјект.

треба да го задржи курсот, главната тема, а тоа се евроатлантските интеграции, надминување на сите отворени прашања, реформскиот процес, како и да работи сериозно на инвестиции и отворање на нови работни места, подеднакво низ цела земја, за сите граѓани.

Глас на Америка: Вие сте вицепремиер за европски прашања. Како последните случувања би се одразиле врз евроатлантската интеграција на земјата?

Бесими: Секако дека процесот ќе има влијание. Сметам дека тоа влијание не е во насока што и` помага на Македонија, туку напротив, и` одмага во целиот случај. Затоа треба да се види како ситуацијата ќе влијае врз политичкиот дијалог, кој е еден од критериумите кој се бара од Македонија, го очекуваат од нас. Во исто време, тоа има влијание и врз опкружувањето кое, како во однос на поттикот на инвестиции, така и во однос на реформите што ги споменав. Но, овој сплет на околности има влијание најверојатно и врз меѓуетничките односи кои се тесно поврзани со политичката стабилност на земјата и економската перспектива на Македонија.

XS
SM
MD
LG