Линкови за пристапност

Делфин Халганд: Слободата на изразување нема религија


Делфин Халганд: Слободата на изразување нема религија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Делфин Халганд: Слободата на изразување нема религија

Директорката на Репортери без граници за САД во интервју за нашата редакција коментира на односот слобода на изразување - верска чувствителност и медиумската ситуација во Македонија

Веднаш по нападот во Шарли ебдо, Репортери без граници повика сите медиуми, без исклучок, да ги објават неговите карикатури. Халганд го образложува ставот: „За да покажат чувство на солидарност дека неделникиот само ја практикувал слободата на изразување и оти ниту еден терорист не може да ја убие“.

Според неа, станува збор за комплицирана дебата - каде е баланост меѓу слободата на изразување и верската чувствителност, но потенцира: „Слободата на изразување нема религија и сите треба да продолжиме да ги практикуваме сите слободи согласно со почитувањето на правната рамка“.

Денес објавениот извештај на Репортери без граници наведува дека ситуацијата во Македонија лани продолжила да биде лоша, цитираме, „обележана со злоупотреба на легислативата за клевета и политички мотивираното доделување на средства за државно рекламирање. За случајот со новинарот Томислав Кежаровски, Халганд во интервјуто коментира – долго време не сме виделе таква пресуда во Европа.

„Репортери без граници од самиот почеток го осуди судскиот процес против Кежаровски. Ја осудивме затворската казна. Тоа е апсурдна пресуда, целосно несоодветна за земја - кандидат за ЕУ. Од самиот почеток повикавме на итно понишување на пресудата, затоа што може да има важно влијание врз основните слободни и демократски вредности коишто Македонија сака да ги олицетвори. Кежаровски не требаше да мине ниту еден ден зад решетки. Тој само укажал на грешките на македонската влада и судството. Пресудата наштетува на основните демократски принципи. Долго време во Европа не сме виделе таква пресуда. Тоа е мошне загрижувачки потег на македонското судство“, заклучува првиот човек на Репортери без граници за САД.

Според неа, подобрата заштита на медиумите и новинарите треба да биде предуслов за членство на Македонија во ЕУ.

XS
SM
MD
LG