Линкови за пристапност

Интервју на Обама за Гласот на Америка


Интервју на Обама за Гласот на Америка

Интервју на Обама за Гласот на Америка

САД сакаат Авганистанците да се грижат за својата земја, вели претседателот

Американскиот претседател Барак Обама вели дека планот за повлекување на војниците од авганистанските боишта не значи дека САД го остават Авганистан на цедило.

Во интервјуто за Гласот на Америка, направено во Белата куќа, Обама кажа дека и покрај фазното враќање на 33.000 војници во наредните 14 месеци, САД и натаму ќе имаат двојно повеќе војници од тој број во Авганистан. Намалената американска улога на САД за Обама е знак „дека Авганистанците започнуваат да земаат се` поголема одговорност“.

Авганистанците сега ја бранат својата земја и гинат жртвувајќи се за неа, рече Обама. Тој додаде дека со заминувањето на се` поголем број американски војници, САД сакаат да испратат сигнал до Авганистанците – „ова е ваша земја и на крај вие ќе имате одговорност“.

Обама уважи дека се појавила напнатост во односите со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кој често ги криткува операциите на САД и НАТО во земјата. Па сепак, тој додаде дека севкупниот интерес на Карзаи е да обезбеди Авганистан да не стане засолниште на терористите и да се почитува авганистанскиот устав. Обама смета дека овие цели „се потполно конзистентни на американските интереси.

Претседателот кажа и дека на крајот мора да дојде до политички договор со бунтовниците на Талебан кои се борат против авганистанските и западните сили. Доколку милитантите се согласат да го следат авганистанскиот устав и да прекинат со насилството како начин на кој би стекнале политичка моќ, претседателот гледа голема можност Авганистанците да здивнат по 30 години на војни.

Обама рече дека односите со Пакистан, пак, станале поискрени со текот на времето, иако има реални разлики во тоа како да се води борбата против тероризмот. Некои пакистански претставници ја критикуваа рацијата на американските командоси во која беше убиен водачот на Ал-Каида Осама бин Ладен како кршење на пакистанскиот сувренитет.

Обама рече дека „секогаш бил дециден“ во пораките до пакистанските претставници дека доколку САД го најдат Бин Ладен и имаат можност да го повлечат чкрапалото, дека така и ќе сторат.

XS
SM
MD
LG