Линкови за пристапност

Пребарувањето на Интернет – ваша приватна работа


Пребарувањето на Интернет – ваша приватна работа
Пребарувањето на Интернет – ваша приватна работа

Компаниите за пребарување на Интернет се согласија на заштита на правото на приватност на корисницитe.

Коалиција на интеренет компании вклучувајќи ја и Гугл се согласи да поддржи инсталација на копче за неследење со цел да помогне во заштитата на приватноста на корисниците на комјутерите ширум светот.

Повеќе од една година, компаниите што нудат системи за пребарување даваа отпор да се инсталира ова копче, но со тек на време се` поголем број од нив ја воведоа оваа пракса.

Гугл, светски најпопуларната веб-страница за пребарување соопшти дека ќе и`се придружи на коалицијата на 400 технолошки, маркетинг и медиумски компании, како поддршка за напорот против следењето на корисникот на Интернет. Гугл ова го соопшти само неколку часа пред Белата куќа да го повика Конгресот да усвои легислатива во која ќе се дефинираат „права на приватност“ за корисниците на Интернет.

XS
SM
MD
LG