Линкови за пристапност

И Индија го намалува увозот на нафта од Иран


Одлуката за намалување од 11% уследи по интензивниот притисок од страна на САД.

Индија соопшти дека ќе го намалува увозот на иранската сурова нафта за 11 проценти.

Индискиот министер за нафта Ар Пи Ен Синг, изјави дека индиските рафинерии сега планираат да увезат 15,5 милиони метрички тони сурова нафта од Иран оваа фискална година. Тој додаде дека Индија „свесно се труди да ги збогати своите извори за сурова нафта за да ја зајакне енергетската безбедност на земјата“.

Денешната одлука уследи откако САД го интензивираа притисокот врз Индија да помогне да се изолира Иран заради неговото одбивање да ја прекине контроверзната нуклеарна програма.

За време на посетата на Индија минатата недела, американската државна секретарка Хилари Клинтон ја повика Индија да помогне да се намали увозот на нафта на од Иран додека законодавците во Вашингтон наредниот месец планираат да воведат санкции врз земјите што купуваат нафта од Иран. Индија увезува околу 80 проценти од своите залихи на сурова нафта.

XS
SM
MD
LG