Линкови за пристапност

Владата на Обама ја менува депортационата политика


Владата на Обама ја менува депортационата политика

Владата на Обама ја менува депортационата политика

Ќе преразгледа 300.000 случаи на илегални имигранти за да види дали може да останат во земјата

Владата на претседателот Барак Обама ќе ги преразгледа случаите на 300.000 илегални имигранти кои се пред депортација, за да утврди дали може да останат во САД.

Во писмо до група сенатори, секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано наведува дека властите ќе разгледаат секој случај поединечно за да ги идентификуваат прекршителите од „низок прироритет“, вклучувајќи ги тука и оние кои престојуваат во САД веќе подолго време, што би им овозможило да посветат повеќе внимание на депортацијата на осудени криминалци и други лица кои претставуваат закана за јавната безбедност.

Новата политика ја поздрави демократскиот сенатор Дик Дурбин, кој спонзорираше легислатива што би овозможила на илегалните имигранти кои пристигнале во САД како деца да се пријават за државјанство.

Републиканските сенатори, пак, наведуваат дека владата го заобиколува Конгресот и дека новата политика практично дава бланко амнестија за илегалните имигранти.

XS
SM
MD
LG