Линкови за пристапност

Светот загуби голем лидер во Вацлав Хавел


Светот загуби голем лидер во Вацлав Хавел
Светот загуби голем лидер во Вацлав Хавел

Драмски писател, активист за човекови права и претседател – Хавел остави големо наследство зад себе

Роден во Прага три години пред почетокот на Втората светска војна, Вацлав Хавел бил гонет од комунистите кои ја презедоа власта во 1948-та година, заради тоа што потекнува од богато семејство. Тие дури не му дозволиле да се здобие со универзитетско образование.

Театарските претстави што ги има напишано подоцна во животот, во раните `60-ти години, имаа меѓународно признание. Но, кога гласно се спротистави на руската инвазија врз родната земја, неговиот пасош беше одземен.

Во доцните `70-ти години Хавел станал мошне активен во иницијативите за заштита на човековите права. Токму тоа придонесе за затворски казни и домашен притвор.

Во 1989-та година со падот на комунистичките режими во Источна Европа, Хавел стана неприкосновен лидер на револуцијата во Чехословачка. Во декември истата година беше избран за претседател. Кога земјата на мирен начин се подели на Чешка и Словачка, Вацлав Хавел беше на два пати избран на функцијата и на позицијата беше се` до 2003-та година.

Во 2006-та година, беше научен соработник на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Еве како, на едно од своите предавања, тој го опиша нападното влијание на комунизмот врз животот на луѓето.

„Се` беше контролирано. Се` беше под директива. Се` беше манипулирано. Токму во такви услови беше мошне тешко да се верува дека ситуацијата некогаш може да се промени“, вели тој.

Хавел додава дека во тој период било особено важно репресијата да биде пресретната со вистина.

„Вистината и моралноста можат да имаат поголема моќ од оружјето. Има смисла да се зборува за вистината и да се прави она што мислите дека е правилно да се стори, да се биде морален и да се обидете да бидете солидарни со другите на кои им е потребна помош“, смета Хавел.

Тој истакна дека најголемото достигнување за кое чувствува огромна гордост е поништувањето на Варшавскиот договор, воената алијанса предводена од Москва што траеше се` до 1991-та година.

Вацлав Хавел долги години имаше проблеми со здравјето. Тој имал пневмонија која не била лечена додека бил во затвор. Пушел многу и имал хронични проблеми со дишните патишта. Во 1996-та година бил дијагностициран со рак на белите дробови. Здравствената состојба му се влошила кога во 2007-та и кога лекарите откриле дека дека има перфорирано дебело црево.

XS
SM
MD
LG