Линкови за пристапност

Гадафи – популарен лик за Денот на вештерките


Гадафи – популарен лик за Денот на вештерките

Гадафи – популарен лик за Денот на вештерките

Една третина од годишниот профит на оваа продавница всушност доаѓа за време на сезоната на Денот на вештерките во октомври, така што пристапни цени, различни производи и добра услуга, се од особено значење.

Крв, оружје и муниција – ова не е листа на бунтовниците кои се бореа против диктаторскиот режим на Моамар Гадафи во Либија. Се работи за производи во продавница за костуми во Вашингтон. Нивната продажба пораснала главно заради смртта на поранешниот лидер на Либија. Еден од производите кои одат како алва е и кадрава перика, во стилот на Гадафи.

Трендот е особено актуелен заради денешниот празник Денот на вештерките.

„Секогаш мора да предничиме во она што го работиме. Се работи за постојани муштерии. Некои ги гледам само еднаш годишно. Ова го работам преку 20 години и истите луѓе се враќаат. Тоа ме прави среќна“, вели Сенди Дураес, сопственичка на продавницата Бекстејџ.

Една третина од годишниот профит на оваа продавница всушност доаѓа за време на сезоната на Денот на вештерките во октомври, така што пристапни цени, различни производи и добра услуга, се од особено значење.

Милиони Американци на 31-ви октомври, традиционално се облекуваат во костуми, а децата одат од куќа до куќа во своите соседства собирајќи бомбони и слатки.

Повеќето од муштериите, велат од продавницата Бекстејџ, во просек за празникот трошат меѓу 40 и 60 долари без професионална шминка. Споменатата перика на Гадафи чини 9.99 долари. Туника, налик на неговата е 20.50 долари, а 30 долари се потребни за галон лажна крв.

Продавницата за овој празник вработува четири пати повеќе персонал. Но тие прават и поправаат костуми за сите прилики – од Нова Година, Марди Гра, Велигден и слично.

Сопственичката Дураес објаснува зошто и покрај тешките економски времиња опстојала во бизнисот.

„Продаваме многу повеќе скапи костуми или парчиња од костуми отколку евтини сериски производи. Луѓето сакаат да изгледаат убаво дури и кога се маскирани, а тоа не е евтино“, вели таа.

XS
SM
MD
LG