Линкови за пристапност

Нимиц по Скопје замина за Атина


Нимиц по Скопје замина за Атина
Нимиц по Скопје замина за Атина

Очекуваме посветеност и од Грција за решавање на спорот, вели шефот на државата Ѓорѓе Иванов.

Метју Нимиц го испита пулсот на Скопје и вечерва заминува во Атина со иста цел. По денешните разговри со посредникот Метју Нимиц, претседателот Иванов соопшти дека сега очекува и Атина да покаже конструктивност во процесот за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.

„Македонија е секогаш конструктивна и секогаш придонесува во изнаоѓање заемно прифатливо решение. Со самата изјава на Нимиц беше укажано дека ние сме посветени на ова што трае веќе една и пол деценија. Истата посветеност и конструктивност ја очекуваме и од другата страна но, за жал, од таму во последно време немаме некои позитивни поместувања во однос на ова што ние го правиме. Бидејќи ние сме засегнати и не гледаме дека Грција трпи од тоа што ние сме надвор и од НАТО и од ЕУ“, изјави претседателот Ѓорге Иванов.

Нимиц избегна на крајот да даде своја проценка за евентуланата можност да се дојде до решение за спорот пред Самитот на НАТО во Чикаго, со што би се овоможил прием на Македонија во Алијансата.

„Своја проценка ќе дадам по разговорите во Атина и доколку е потребно повторно ќе разговарам со страните“, рече посредникот Нимиц.

Тој во Атина се очекува да се сретне со шефот на грчката дипломатија Димас и премиерот Пападимос. Грчките медиуми известуваат дека Нимиц при посетата ќе се соочи со истите позиции на официјална Атина за едно име за севкупна употреба.

Познавачите на состојбите не очекуваа значајни поместувања по оваа посета на Нимиц.

„Многу е тешко да се влезе во фаза на суштински преговри во услови кога Македонија и Грција се инволвирани во расправа не само околу името, туку и околу сериозни идентитетски теми по прашања на далечната историја, дотолку повеќе што Атина е преокупирана и со други пред се` економски проблеми“, изјави за Дојче Веле поранешниот шеф на дипломатијата Денко Малевски.

XS
SM
MD
LG