Линкови за пристапност

Одобрена нова помош за Грција


Одобрена нова помош за Грција
Одобрена нова помош за Грција

Министрите на еврозоната го одобрија планот со кој долгот на државата ќе биде намален на 120 проценти до 2020-та.

Факти за заемот на Грција

  • Усвојување на буџетот вклучувајќи и скратување на трошоците до 1,5% од бруто домашниот производ или 4,37 милијарди долари.

  • Намалување на минималните примања за 22% и 32% за оние под 25-годишна возраст.

  • Намалување на бројот на државни службеници до 15.000 годишно.

  • Вработување на еден државен службеник за секои петмина кои ќе се пензионираат.

Министрите за финансии на еврозоната по 13-часовни напнати преговори, одобрија нови 130 милијарди евра помош за Грција.

Со пакетот-помош се планира намалување на долгот на грчката влада од околу 160 проценти од бруто домашниот производ, на нешто повеќе од 120 проценти до 2020-та година – максимално одржливо ниво од страна на Меѓународниот монетарен фонд.

Претседателот на еврозоната Жан Клод Јункер истакна дека тоа треба да ја оддржи фискалната стабилност и на Грција и на членките на еврозоната. Тој сепак предупреди дека Атина мора да исполни серија услови за обезбедување на целосната сума на итниот заем, втор за Грција во изминативе неколку години.

Аналитичарите предупредија дека доколку Грција банктротираше наредниот месец, можеше да има катастрофални последици за еврозоната и потенцијално за светската економија.

XS
SM
MD
LG