Линкови за пристапност

ОЕЦД: побавен растеж на главните економии


ОЕЦД: побавен растеж на главните економии

ОЕЦД: побавен растеж на главните економии

Анализата за Бразил, Русија, Индија, Кина, Европа и САД се темели на податоците за октомври.

Стручњаци од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) наведуваат дека забавува економскиот растеж во главните економии во светот.

Ваквото тврдење е изнесено во најновиот извештај на ОЕЦД, објавен понеделникот, што го прогнозира идниот економски развој преку анализа на податоците од октомври.

ОЕЦД предвидува дека Бразил, Русија, Индија, Кина, Европа и САД наредните шест месеци треба да очекуваат побавен растеж на нивните економии.

Подоцна неделава, претставници на американските Федерални резерви треба да направат анализа на актуелната состојба на најголемата економија во светот и да ги одредат каматните стапки. Во исто време се очекуваат и нови владини податоци за инфлацијата и фабричкото производство во САД.

XS
SM
MD
LG