Линкови за пристапност

Едно на секои седум семејства во САД има проблем да се прехрани


Едно на секои седум семејства во САД има проблем да се прехрани

Едно на секои седум семејства во САД има проблем да се прехрани

Помош постои, но до кога? Се` е на маса

Дејв Крепчо раководи со Центар за бесплатна хрна во Флорида. Организацијата обезбедува храна за 3,5 милиони луѓе во оваа сојузна држава.

Флорида годинава се чини дека е поштедена од природни катастрофи, но како што вели Крепчо, не и од лошата економија.

„Ова е катастрофа. Ова е катастрофа што бавно се движи“, вели тој.

Нивото на невработеност во САД минатата година беше на 10 проценти, но во Флорида беше на речиси 12.

„Изминативе две години, нашата месечна дистрибуција на храна ја надминува количината доставена за време на четири сезони на урагани“, додава Дејвид Крепчо.

Американските власти велат дека се` повеќе луѓе имаат проблеми да си дозволат соодветна храна особено откако економијата почна да забавува кон крајот на 2007-та. Во 2008-та едно на секои седум семејства се соочува со проблеми да се прехрани и ситуацијата е таква оттогаш-наваму.

Центрите за бесплатана храна се потпомогнати од приватниот сектор, но и од федералната влада. Потсекреаторот на Одделот за земјоделство Кевин Конкенон, изјави дека бројот на гладните сепак не се зголемил и покрај постојаната невработеност.

Најголемата од федералните програми за оваа цел, вклучува речиси 19 милиони домаќинства минатата година. Тоа е напредок од речиси 12 милиони во 2007-та.

Поддржувачите на ваквите програми сепак се загрижени за наредната година, бидејќи Конгресот веќе дискутира за големи скратувања во федералниот буџет. Тие велат дека дефицитот може да се намали без да се придонесе гладните да бидат уште погладни. „Едноставно не е во ред да се нападнат програмите кои им помагаат на луѓето да ги прехранат своите деца“, велат поборниците за оддржување на програмите за бесплатна храна.

Во меѓувреме, останува да се почека, а многумина во Конгресот додаваат дека - се` е на маса.

XS
SM
MD
LG