Линкови за пристапност

Гувернерот на Мисури прогласи вонредна состојба


Градот Фергусон во исчекување на одлуката на Големата порота во случајот во којшто полицаец - белец застрела тинејџер - црнец

Гувернерот на американската сојузна држава Мисури, Џеј Никсон, објави вонредна состојба пред Големата порота да се изјасни дали полицаецот Дарен Вилсон, инаку белец, ќе биде обвинет за пукањето во коешто животот го загуби тинејџерот Мајкл Браун, црнец.

Никсон рече дека наредил активирање на Националната гарда како поддршка на полицијата, во случај да дојде до насилства кога ќе биде објавена одлуката. Властите во Мисури не дадоа точен датум, но најавија дека таа ќе биде објавена до крајот на месецот.

Во август, во градот Фергусон дојде до големи нереди и насилство откако Вилсон го застрела 18-годишниот Браун.

Одлуката има потенцијал да предизвика жестоки реакции во јавноста, без оглед на тоа каква ќе биде. Властите се особено загрижени дека може да дојде до насилство доколку поротата реши да не биде покренато обвинение. Многу бизниси во Фергусон, поучени од нередите во август, веќе ги забарикадираа своите излози.

XS
SM
MD
LG