Линкови за пристапност

Каматните стапки остануваат ниски во наредните две години


Каматните стапки остануваат ниски во наредните две години
Каматните стапки остануваат ниски во наредните две години

Федералните резерви сметаат дека на овој начин ќе се помогне за стабилизирање на економијата во САД

Еден ден откако индексот Дау Џонс забележа пад од преку 600 поени, инвеститорите кои бара помош од Федералните резерви, добија мошне малку.

Но, по средбата во вторникот, Американската Централна банка издаде кусо соопштение велејќи дека економскиот растеж во САД се одвива со позабавено темпо од очекуваното и вети дека ќе ги задржи каматните стапки близу нулата, по можност до средината на 2013-та година.

Сепак, Алан Валдез од компанијата DME Securities вели дека како дополнение на националниот долг и неодамнешното намалување на кредитниот рејтинг на САД, економската слабост се шири и надвор од оваа земја.

„Во основа, имаме многу проблеми. Случувањата во Европа се само дел. Европа е број еден, многу повеќе од намалувањето на рејтингот, бидејќи доколку Италија или Шпанија банкротираат, ќе биде уште поголем проблем бидејќи тие вероајтно се преголеми да пропаднат“, вели овој експерт.

Џон Хенес е финансиски адвокат од Њујорк. Тој вели дека проблемите со долгот во САД и Европа посочуваат на генерално забавување на глобалната економија.

„Дури и со скратување на трошоците на владино ниво, ќе бидеме сведоци или на незначителен економски развој или на потенцијално двојна рецесија“, вели тој.

Загриженоста за уште една рецесија оди подалеку од Вол Стрит, до Кина и Европа. Но, на улиците на Њујорк, многумина за актуелните случувања ги обвинуваат американските политички лидери.

„Мислам дека нема раководство. Мислам дека во Конгресот, луѓето едноставно губат перспектива што е навистина важно, а тоа е грижата за американскиот народ. Глобално, начинот на кој се` е поврзано ... не сум сигурен дека некој знае како да ги смени работите“, вели анкетиран граѓанин.

Аналитичарите стравуваат дека намалувањето на довербата кај потрошувачите во САД ќе значи ширење на проблемите во странство.

XS
SM
MD
LG