Линкови за пристапност

Истрага за хакерските напади врз ФБИ, Одделот за правда


Истрага за хакерските напади врз ФБИ, Одделот за правда
Истрага за хакерските напади врз ФБИ, Одделот за правда

Нивните страници нападнати откако владата го затвори Мегааплоад

Федералното истражно биро (ФБИ) истражува зошто неговата Интернет-страница и оние на Одделот за правда и на неколку компании од индустријата на забава четвртокот беа нападнати, веднаш откако Владата затвори една од најголемите страници во светот за споделување на компјутерски документи.

Хакерската група Анонимус тврди дека ги извршила нападите што причинија страниците синоќа да бидат во прекин неколку часа. Денес владините и повеќето од другите страници повторно функционираат.

Вчера федералните власти ја затворија страницата за споделување на документи Мегааплоад и го обвинија нејзиниот основач Ким Дотком (познат и под името Ким Шмиц) и шестмина други лица за Интернет-пиратство.

Шмиц беше уапсен вчера во Нов Зеланд, заедно со други три лица, на барање на американските власти. Преостанатите тројца обвинети се во бегство.

Одделот за правда соопшти дека преземената акција е меѓу најголемите случаи на злоупотреба на авторски права во историјата на САД. Обвинетите може да добијат казна затвор до 20 години, доколку бидат осудени. Властите тврдат дека Мегааплоад ги оштетил сопствениците на авторски права преку 500 милиони долари.

Страницата овозможуваше корисниците да поставуваат и преземаат поголеми компјутерски документи. Властите обвинуваат дека со тоа материјалот заштитен со авторски права, како холивудските филмови, на пример, биле достапни блесплатно, а напати и пред премиерите во кино-салите.

Мегааплоад, пак, како и многу славни лица - поддржувачи на страницата, велат дека таа главно се употребувала за законско преземање на документи.

XS
SM
MD
LG