Линкови за пристапност

Министерот за одбрана ја продолжува посетата на САД со средби за соработката со Националната гарда од оваа сојузна држава.

Трансформацијата на вооружените сили на Република Македонија, меѓутоа и нивниот придонес во обезбедувањето на меѓународниот мир, се меѓу главните акценти на средбите на македонската делегација, предводена од министерот за одбрана Фатмир Бесими, во сојузната држава Вермонт, со која ја продолжува посетата на САД.

Првиот човек на македонската одбрана утринава замина за административниот центар и главен град на Вермонт – Монпеље, каде има средби со гувернерот на сојузната држава Питер Шумлин, но со пратеници од Собранието од двете политички партии. Бесими ќе учествува и на тркалезна маса за студентите на Универзитетот во Вермонт.

Партнерската програма со Вермонт датира од 1994-та. Националната гарда на Вермонт бројно е двојно помала од вооружените сили на АРМ, меѓутоа тие имаат исти задачи и цели во меѓународната мировна мисија во Авганистан, во која македонските војници служат рамо до рамо со припадниците на Гардата.

XS
SM
MD
LG