Линкови за пристапност

Џенерал моторс нема да рекламира на Фејсбук


Причината што ја наведува компанијата е дека рекламите не биле ефикасни како што се очекувало за парите.

Џенерал моторс со седиште во САД најави повлекување на своите реклами од Фејсбук, интензивирајќи ги сомнежите за отпорноста на мрежата за социјализирање воочи дебитирањето како јавна компанија на берзата.

Портпаролот на светски најголемиот автопроизводител изјави дека одлучил да ги повлече рекламите од Фејсбук, бидејќи не биле ефикасни како што се очекувало. Џенерал моторс е трет на листата најголеми рекламирачи во САД, на година за рекламен простор на Фејсбук плаќаше 10 милиони долари.

Загубата на овие средства, ќе има мало влијание на Интернет-гигантот, кој минатата година пријави приход од 3,7 милијарди долари. Сепак, финански експерти додаваат дека ова може да придонесе и други бизниси да го преиспитаат користењето на Фејсбук како дел од нивната рекламна стратегија.

Вредноста на Фејсбук се очекува да се зголеми на преку 100 милијарди долари кога ќе може јавно да тргува со акциите на берза во петок. Компанијата веќе ја зголеми вредноста на своите акции од 28 долари, за 34 долари по акција.

XS
SM
MD
LG