Линкови за пристапност

САД годинава со најголеми природни катастрофи во историјата


САД годинава со најголеми природни катастрофи во историјата

САД годинава со најголеми природни катастрофи во историјата

Досега е регистрирана загуба од 35 милијарди долари за американската економија

Во Атлантскиот Океан се интензивира сезоната на урагани, а шумските пожари и натаму беснеат низ јужен Тексас. Властите велат дека во САД годинава е регистриран историски голем број временски непогоди кои причинија огромна материјална штета.

Според Националниот центар за климатски податоци, САД во 2011 година претрпеле 10 природни катастрофи, а за секоја од нив ќе биде потребен надомест од една милијарди долари.

Најновото невреме беше ураганот Ајрин што предизвика огромни поплави и отсече електрична енергија за стотици илјади домови долж источното американско крајбрежје.

На југ поради големиот топлотен бран предизвика суша што пак резултираше со штета во земјоделството од пет милијарди долари. Како дополнение во Тексас уследија и шумски пожари кои уништија 1.000 куќи, а беа изгорени и преку 50.000 хектари земјиште.

Многумина научници велат дека причината за зголемениот број природни катастрофи е глобалното затоплување. Според најнова студија, природните катастрофи годинава предизвикале загуба од 35 милијарди долари во американската економија.

XS
SM
MD
LG